Пумпи за Poliuretan PUR-пена
Reactor
Постројка за дво-компонентни системи. Идеална за апликација на Poliuree, Poliuretan, полиурентска Pur-пена и дво-компонентни материјали што имаат потреба од греење.
Во зависност од потребите Reactor го има во повеќе изведби:
- со електричен погон
- со воздушен погон
- со електро-хидрауличен погон на пумпите.
Има примена во:
- хидро изолација со цврста Pur-пена на рамни кровови
- изолација на ѕидови
- подкровна изолација(полнење меѓу греди)
- изолација на цевки, резервоари, базени и сл.
- термо изолација
- полнење на делатациони фуги(мостови, брани, споеви на згради идр.)
- изолација од подземни води и многу други работи.